| |
Брилијант дооел – профил на компанијата
Компанијата Брилијант е основана во 1991 година во приватна сопственост на господин Мите Николов. Производствените капацитети и управната зграда се лоцирани во индустриската зона на градот Штип, којашто има одлична патна и железничка комуникација со преостанатиот дел на државата. Компанијата функционира во четири сегменти: - производство на масло за јадење; - производство на млечни производи и јагнешко месо; - складиште и терминал за течни горива; - царински комплекс.
Современата технологија и стручниот тим, полн со ентузијазам, овозможија компанијата Брилијант да прерасне во познат, иновативен и компетитивен субјект во прехранбената индустрија на подрачјето на Р. Македонија и пошироко.
Тимот на Брилијант го сочинуваат повеќе од 10 инженери од различни струки, економисти, правници, агрономи, ветеринари (ФИЛ) и голем процент на висококвалификувани работници во производствениот оддел. Успешноста во организациона смисла го потврдува ISO 9001:2000 сертификатот, издаден од BSI од Лондон, 2001 год. под бр. FM 65988, како и сертификатот за чисто производство HACCP.
Континуираното вложување во новите технологии и во стручното дообразување на кадрите го трасираат прогресот на Брилијант кон остварување на развојните идеи, насочени кон заокружување на производствената програма (маргарини, сенфови, кечапи, мајонези, преливи, салатни додатоци) како и кон проширување на палетата на млечни производи со топено сирење, специјални кашкавали, павлака и сл.
Никакви компромиси кога станува збор за квалитетот на своите продукти и апсолутното внимание за задоволување на потребите на потрошувачите се основните постулати на работење на компанијата Брилијант.
|
|