дома    |    кошничка    |    контакт    |    english
 
  За Брилијант    Масла за јадење    Млечни производи и месо    Останати дејности    Награди   
  Сончогледово масло    Растително масло    Масни киселини    Растителни восоци    Совети   
   Каталог на производи - Барање за нарачка

Фабрика за производство на масло за јадење

Производството на масло за јадење опфаќа најголем сегмент од производствените капацитети на Брилијант. Дневниот капацитет изнесува 120.000 литри.
Определбата на Брилијант уште од првиот ден е да произведува висококвалитетна и здрава храна. Запазувајќи ги овие принципи, технологијата на рафинирање и контролата се поставени така да се задржат сите природни состојки во маслото, корисни за развојот на човековиот организам. Најголем придонес за високиот квалитет на нашиот производ секако има нашиот долгогодишен стручен соработник, професор д-р Јован Туркулов

Производствената програма се состои од следната палета на производи:
1. Рафинирано сончогледово масло за јадење;
2. Рафинирано растително масло за јадење;
3. Масна киселина;
4. Растителни восоци.


Технологија на рафинирање

За рафинирање на растителните масла во Брилијант се користат најсовремените научни достигнувања. Целта е да се зачуваат сите вредни биолошки состојки, со истовремено отстранување на оние компоненти кои го намалуваат квалитетот и негативно влијаат врз органолептичките својства на рафинираното масло за јадење. Целиот процес се води под висок вакуум кој овозможува третман на маслото на пониски температури. Класичниот процес на деколорација (белење) на маслото е наполно исклучен, бидејќи тој предизвикува низа на негативни промени на маслото и доведува до значајно намалување на нивото на токоферолот (природен Е-витамин), со неизбежно создавање на конјугирани врски кои го намалуваат квалитетот и рокот на траење на маслото. Во Брилијант деколорацијата се врши истовремено со дезодоризацијата, постапка која во науката за првпат ја поставува проф. д-р Ј.Туркулов. Нејзините резултати се презентирани на научни конгреси, а се публикувани во американското списание “JAOCS” (J. Am. Oil Chem. Soc), кое е официјално најдоброто списание за применета хемија во светот. На овој начин со водење на технологијата на рафинирање во Брилијант се добиваат масла за јадење кои имаат повисока содржина на токоферол (природен Е-витамин), а пониска содржина на трансмасни киселини и конјугирани врски.


Лабораторија - Контрола на преработката и квалитетот на маслото


Со реализација на идејата за изградба на фабриката за масло за јадење Брилијант, поставени се високи критериуми и норми за производство на финален производ, кој во денешни услови се издвојува како најквалитетен на домашниот, а истовремено конкурентен и на странскиот пазар.
За постигнување на овие критериуми фабриката Брилијант уште од првиот ден оформи лабораторија која врши контрола на преработката и квалитетот на маслото, како и контрола на целокупниот технолошки процес. Во лабораторијата работат врвно обучени стручни лица, во четири смени, кои во зависност од потребите дневно изработуваат од 200-300 различни анализи.
Врз основа на секојдневното следење на производството преку лабораториските резултати, се добива најквалитетно масло со минимални загуби во супстанциите. Лабораторијата на Брилијант покрај контрола на маслото за јадење врши контрола и на другите производи и стоки. Сите лабораториски резултати се документирани од првиот ден на работењето на фабриката и претставуваат непроценлива вредност за унапредување и реализација на производството.



  Developed by: VIZIJANET