дома    |    кошничка    |    контакт    |    english
 
  За Брилијант    Масла за јадење    Млечни производи и месо    Останати дејности    Награди   
  Сирење    Кашкавал    Јагнешко месо    Совети   
   Каталог на производи - Барање за нарачка

Производство на млечни производи и на јагнешко месо

Земјоделството и сточарството, како стопански гранки, во Македонија и во фамилијата Николови имаат вековна традиција. Визијата и стратегијата на компанијата Брилијант е да го обедини ова вековно искуство со научните достигнувања на денешницата и да направи еколошки производ со врвен квалитет, познат и признат во регионот и пошироко.
Следејќи ги овие принципи Брилијант успешно стопанисува и во доменот на овчарството произведувајќи овчо сирење, млечни производи и јагнешко месо со врвен квалитет.
Брилијант располага со сопствено стадо од 7.000 овци, кои обезбедуваат годишен принос од 7.000 јагниња. Во летниот период за исхрана на овците се користат пасиштата на Осоговските Планини (месноста Калин Камен) коишто се сопственост на Брилијант и се наоѓаат на над 2.000 метри надморска височина. Вредно е да се напомне дека станува збор за недопрена природа во радиус од 50 км. Во зимскиот период за исхрана на овците се користат јачменот, пченицата (посадени на 520 хектари сопствена обработлива површина) и детелината (посадена на 80 хектари сопствена обработлива површина) од сопственото производство на сточна храна на Брилијант. За сместување на овците и јагнињата во зимскиот период, Брилијант располага со трла позиционирани во Сушево и во Криволак со вкупен капацитет за сместување на повеќе од 10.000 грла.

За зголемување на ефикасноста и за подигање на повисоко ниво на хигиенско-техничките услови при добивањето и експлоатацијата на овчото млеко во Брилијант е инсталирана и првата автоматска молзница во државата за третирање на 40 овци истовремено.
Имајќи го предвид фактот што целокупното количество храна за овците е од сопственото строго контролирано производство, како и фактот дека за здравствената исправност на овците и на јагнешкото месо континуирано се грижат стручниот тим на Брилијант и Ветеринарниот завод - Штип, 70% од јагнешкото месо Брилијант го пласира во земјите на ЕУ, а преостанатите 30% само во ексклузивни хотели и ресторани низ Македонија.

Континуираното вложување во современта технологија и стручното дообразување на кадрите го трасираат прогресот на Брилијант кон остварување на развојните идеи, насочени кон проширување на палетата на млечни производи со топено сирење, специјални кашкавали, павлака и друго.



  Developed by: VIZIJANET