Награди и признанија
Како потврда за извонредниот квалитет на производите на компанијата Брилијант наведуваме дел од добиените награди и признанија:
- Меѓународна награда Leader in prestige and quality – Европа 2006;
- Меѓународна награда за квалитет и престиж, доделена во Октомври 2005 год., од страна на Actuelidad од Madrid – Шпанија, на саемот во Прага – Република Чешка;
- Златен пехар за квалитет за производот “Рафинирано сончогледово масло за јадење” - на агробизнис форумот (Agribusiness Forum) одржан од страна на Европската унија во Брисел, во периодот од 25 до 27 април 2004 година. Ова е најголемо меѓународно признание за квалитет за маслото на Брилијант досега, бидејќи шампионскиот пехар е освоен во конкуренција на реномирани производители од над 35 земји низ Европа и светот;
- Стопанска комора на Република Македонија - признание за една од 10-те најуспешни фирми во Република Македонија во 2001 год.;
- Шампионски пехар за квалитет на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад 2000 год.;
- Златен медал за квалитет на Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад 1999 година.