дома    |    кошничка    |    контакт    |    english
 
  За Брилијант    Масла за јадење    Млечни производи и месо    Останати дејности    Награди   
  Политики на работа    Локација   
 

За Р. Македонија и за градот Штип

Република Македонија е лоцирана во централниот јужен дел на Балканскиот Полуостров, на површина од 25.713 км2. Нејзини соседи се: Република Србија и Црна Гора на север, Република Грција на југ, Република Албанија на запад и Република Бугарија на исток.
Република Македонија претставува важна крстосница на стратешките сообраќајни правци: Коридорот север-југ, кој најдиректно ја поврзува Централна Европа со солунското пристаниште и Коридорот исток-запад, кој го поврзува црноморскиот регион со јадранската област.

Република Македонија претставува вистински релјефен мозаик, со изобилство на природни реткости и убавини. Многумина ја нарекуваат Бисер на Балканот. Процентуално земено 80% од нејзината територија е ридско-планинска, а 20% се рамнински терени, прекриени со природни езера, реки, шуми и пасишта.
Република Македонија го оправдува епитетот еколошка земја, со незначителен процент на загаденост со хемиски препарати. Македонските прехранбени производи секогаш ја носат етикетата на природна и еколошки здрава храна.

Градот Штип е лоциран во источниот дел на Република Македонија. Низ него поминуваат неколку патни правци и железничка пруга што го поврзуваат градот со речиси сите делови на државата, па и пошироко. Најважни од нив се патните правци кои водат кон источниот сосед: Скопје-Велес-Штип-Кочани-Делчево и Скопје-Велес-Штип-Радовиш-Струмица-Ново Село. Од главниот град Скопје тој е оддалечен 90 км.

Од аспект на стопанската структура доминираат винарството, прехранбениот сектор, текстилната индустрија, чевларството и друго.
Компанијата Брилијант се издвојува како лидер на долгогодишната и успешна традиција во прехранбената индустрија на ова поднебје.



  Developed by: VIZIJANET