дома    |    кошничка    |    контакт    |    english
 
  За Брилијант    Масла за јадење    Млечни производи и месо    Останати дејности    Награди   
  Сончогледово масло    Растително масло    Масни киселини    Растителни восоци    Совети   
   Каталог на производи - Барање за нарачка

Растителни восоци (триглицериди)

Растителните восоци се споредни нус производи на рафинираните масла. Се добиваат со ладење (винтеризација) на маслото, при што на пониски температури восоците и цврстите триглицериди кристализираат и на тој начин се одвојуваат од рафинираното масло за тоа да биде наполно бистро. Овие материи се редовни придружници на сончогледовото масло, не се штетни, меѓутоа, естетски се неприфатливи за потрошувачите.

Нашите прописи бараат маслото да биде бистро иако тоа не е задолжително во многу земји во светот. Овој производ во најголемиот дел (80-90%) е сончогледово масло, а остатокот се восоци и цврсти триглицериди. Се користи при добивање на растителни масти и маргарини во прехранбената и хемиската индустрија, како и за подготовка на сточна храна.



  Developed by: VIZIJANET