дома    |    кошничка    |    контакт    |    english
 
  За Брилијант    Масла за јадење    Млечни производи и месо    Останати дејности    Награди   
  Сончогледово масло    Растително масло    Масни киселини    Растителни восоци    Совети   
   Каталог на производи - Барање за нарачка

Рафинирано растително масло за јадење

Растителното масло за јадење претставува смеса од повеќе растителни масла. При производството на овој вид на масло технолозите во Брилијант комбинираат оптимална смеса на неколку масла, добиени од различни маслодајни култури, при што се добива подобра стабилност (одржливост) на маслото, со неопходни нутриционистички и биолошки карактеристики. Ова масло се препорачува за повеќекратно користење при приготвувањето на храната. Рафинираното растително масло најчесто ги има следниве карактеристики:

КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАФИНИРАНОТО РАСТИТЕЛНО МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ

Специфична густина на 200C

0,917-0,931

Индекс на рефракција n20d

1,472-1,477

Точка на зацврстување (0C)

0-5

Јоден број

100-120

Сапунификационен број

187-195

Неосапунети материи (%)

0,5-1,5

Вкупно токофероли (мг/100г)

104-140

Фитостероли (%)

0,25-0,32

Полнењето и пакувањето на растителното масло за јадење се вршат комплетно под заштита на инертен гас што му овозможува на маслото долг рок на употреба од 30 месеци, кој е деклариран на пакувањето. Врз рокот на употреба на маслото за јадење позитивно влијае и картонската амбалажа, која го штити маслото од светлина, оневозможувајќи го процесот на оксидација.

Сите масла се полнат само во еколошки ПЕТ шишиња и се пакуваат во следниве амбалажи:
- артикл од 750 мл - во картонска кутија по 15 шишиња;
- артикл од 1 л - во картонска кутија по 15 шишиња;
- артикл од 5 л - во картонска кутија по 4 шишиња;
- рефус рафинирано растително масло - се испорачува само во амбалажа на купувачот.



  Developed by: VIZIJANET