дома    |    кошничка    |    контакт    |    english
 
  За Брилијант    Масла за јадење    Млечни производи и месо    Останати дејности    Награди   
  Сончогледово масло    Растително масло    Масни киселини    Растителни восоци    Совети   
   Каталог на производи - Барање за нарачка

Рафинирано сончогледово масло за јадење – Брилијант

Рафинираното сончогледово масло е со најголема биолошка вредност од сите масла за јадење наменети за широка потрошувачка.
Сончогледот (Helianthus Annuus) како украсно растение е пренесен од Америка во Европа (Шпанија), во 1659 година. Во 1841 година, се појавува во Русија како земјоделска култура за исхрана на стоката. Дури во првата половина на 20 век за првпат сончогледот започна да се одгледува на големи површини и да се користи за добивање на маслото за јадење. Содржината на маслото во сончогледот се движела од 30-32%. Најголем придонес за ширењето на сончогледот во светот има рускиот академик Пуставојт кој е творец на сегашниов сончоглед со содржина на масло од 40-50%.

Сончогледовото масло е богато со есецијална масна киселина (линолна), а како што може да се види и од табелата, токоферолите (природен Е-витамин) се претежно во алфа-облик, поради што сончогледовото масло се вбројува во најквалитетните масла за јадење во светот.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА СУРОВОТО СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО

Специфична густина на 200C

0,920-0,92

Индекс на рефракција n20d

1,474-1,476

Точка на зацврстување (0C)

(-16)-(-18)

Јоден број

119-136

Вкупно токофероли (мг/100г)
Од кои:

  1. токоферол (%)
  2. токоферол (%)

60-77

92-100
8-0

Восоци (%)

0,03-0,10

Фосфатиди (%)

0,2-1,4

Каротеноиди (мг/100г)

0,165-0,190

Фитостероли (%)

0,30-0,32

Полнењето и пакувањето на сончогледовото масло за јадење Брилијант се вршат комплетно под заштита на инертен гас што му овозможува на маслото долг рок на употреба од 30 месеци, кој е деклариран на пакувањето. Врз рокот на употреба на маслото за јадење позитивно влијае и картонската амбалажа, која го штити маслото од светлина, оневозможувајќи го процесот на оксидација.

Сите масла се полнат само во еколошки ПЕТ шишиња и се пакуваат во следниве амбалажи:
- артикл од 750 мл - во картонска кутија по 15 шишиња;
- артикл од 1 л - во картонска кутија по 15 шишиња;
- артикл од 5 л - во картонска кутија по 4 шишиња;
- рефус рафинирано сончогледово масло - се испорачува само во амбалажа на купувачот.



  Developed by: VIZIJANET