дома    |    кошничка    |    контакт    |    english
 
  За Брилијант    Масла за јадење    Млечни производи и месо    Останати дејности    Награди   
  Сирење    Кашкавал    Јагнешко месо    Совети   
   Каталог на производи - Барање за нарачка

Овчото сирење го продолжува животот

Урацилот 2,4-dioksipirimidin (пиримидинска база која влегува во составот на синџирите на разни рибонуклеински киселини - RNA), е неопходен во целокупниот процес на синтеза на белковини во организмот на човекот и животните. Без урацил не е возможно да се создаваат белковини (градивен материјал). Затоа за урацилот се зборува како за биолошка супстанција која создава живот.

Основен градивен материјал за урацилот е оротинска киселина, односно природни деривати на оротинската киселина се урацилот, тининот и цитозинот. Млекото од овци е прехранбен производ кој, исто така, е богат со оротинска киселина. Имено, еден литар млеко од крава содржи само 50 мг оротинска киселина, а во еден литар млеко од овци се наоѓаат 324 мг од оваа киселина, значи млекото од овци содржи над шест пати повеќе оротинска киселина во однос на млекото од крави. Нешто повеќе оротинска киселина од онаа во млекото од крави се наоѓа во млекото од кози, но таа разлика не е толку значајна.

Од ова може да се извлече заклучокот дека лицата кои за време на целиот свој живот внесуваат во организмот доволно количество на оротинска кислеина обезбедуваат постојана регенерација на белковините. Со други зборови населението кое се храни со производи од млеко од овци е многу поздраво, бидејќи немаат никогаш недостаток на урацил, односно лицата кои цел живот консумираат овчо сирење ќе живеат подолго.



  Developed by: VIZIJANET