дома    |    кошничка    |    контакт    |    english
 
  За Брилијант    Масла за јадење    Млечни производи и месо    Останати дејности    Награди   
  Био дизел    Складиште со терминал    Царински комплекс   
 

Царински комплекс

Царинскиот комплекс Брилијант се простира на површина од околу 40.000 м2 и е составен од неколку целини:
- Царински терминал;
- Управна зграда;
- Хотел и ресторан “Брилијант”.

Царинскиот терминал Брилијант е најмодерен царински терминал во источниот дел на Македонија. Има одлична местоположба, лоциран е во индустриската зона, на само 300 метри од регионалниот патен правец Штип - Скопје и исто толку од индустрискиот железнички колосек. Паркинг-просторот е со капацитет од над 200 товарни возила и е комплетиран со електронска вага и со рампа за преглед на возилата (капацитет на преглед - повеќе од 20 возила истовремено).

За потребите на царинскиот терминал е изградена управна зграда во која се сместени Царинската управа на Источна Македонија, Царинската испостава - Штип, Државниот санитарен инспекторат, Државниот пазарен инспекторат, како и над 25 шпедиции.

Комплетирањето на царинскиот комплекс се заокружува со хотелот и ресторанот “Брилијант”. Хотелот е опремен со седум апартмани, а ресторанот е со капацитет од над 100 гости.
Целиот царински комплекс е изграден на начин да им овозможи пријатен престој како на вработените, така и на корисниците на царинските услуги.



  Developed by: VIZIJANET