дома    |    кошничка    |    контакт    |    english
 
  За Брилијант    Масла за јадење    Млечни производи и месо    Останати дејности    Награди   
  Био дизел    Складиште со терминал    Царински комплекс   
 

Складиште со терминал за течни горива и ТНГ

Складиштето и терминалот за течни горива и течен нафтен гас опфаќаат површина од над 12.000 м2 и се лоцирани во индустриската зона на градот Штип.
Складиштето располага со складиштен простор од 6.000 м3 за течни горива и околу 200 м2 за течен нафтен гас (ТНГ).

Автопреточувалиштето и вагонопреточувалиштето се со капацитет од по 120 м 3/ч.
Функцијата на складиштето е овозможена од следниве компоненти:
- 2 надземни резервоара со волумен од по 1.500 м3 за дизел горива;
- 2 надземни резервоара со волумен од по 1.500 м3 за бензини;
- 2 подземни резервоара со волумен од по 100 м3 за течен нафтен гас (ТНГ);
- 4 преточувачки пункта за автоцистерни (за дизел горива);
- 4 преточувачки пункта за автоцистерни (за бензини);
- 2 преточувачки пункта за автоцистерни за течен нафтен гас (ТНГ);
- 4 преточувачки пункта за вагоноцистерни за течни горива;
- 2 преточувачки пункта за вагоноцистерни за течен нафтен гас (ТНГ).

Самата географска положба на овој терминал за течни горива овозможува ефикасно и навремено снабдување на речиси сите индустриски и комерцијални потрошувачи во источна Македонија.

Со изградбата на овој склад започна и иницијативата на зголемена употреба на еколошки горива и ТНГ кај индустриските и комерцијалните потрошувачи. На овој начин се намалуваат производствените трошоци и се намалува емисијата на штетни честици во отпадните гасови.
Системот за контрола, надзор и манипулација е комплетно автоматизиран што придонесува за намалување на експлоатационите трошоци, овозможувајќи им конкурентност на нашите деривати на македонскиот пазар.
Заради зачувување на нашата околина, намалување на штетните отпадни гасови и намалување на трошоците за енергенси во индустријата, во тек е изградбата на потстаница за дистрибуција на течен земјен гас, којшто претставува најевтино и најеколошко гориво откриено до денешен ден во светот.



  Developed by: VIZIJANET