дома    |    кошничка    |    контакт    |    english
 
  За Брилијант    Масла за јадење    Млечни производи и месо    Останати дејности    Награди   
  Био дизел    Складиште со терминал    Царински комплекс   
 
БИО ДИЗЕЛ – Еколошко гориво по европски стандарди

На ден 26.04.2006, Скопје, во Стопанската комора на Македонија, компанијата “Брилијант“ дооел - Штип и германската ГЕА Вестфалија, го потпишаа договорот за технолошка опременост на првиот производствен капацитет за био дизел горивото во Македонија, инвестиција вредна 9,8 милиони евра – средства обезбедени од сопствени извори.

Веќе осум години компанијата Брилијант ја создава и остварува својата деловна визија да биде носител на развојот на Штипскиот регион. И тоа не каква било развојна визија - туку носител и имплементатор на нови, современи технологии кои ќе обезбедат чиста иднина - и за младата компанија и за младите во регионот. Со воведување на биодизелот, Брилијант придонесува за развој на земјоделието и во насочување на производството кон индустриските култури, суровинската база што се користи во создавањето на био дизел горивото.

Фабриката за производство на био дизел, ќе интегрира автоматизиран процес на производство на еколошко гориво по европски стандарди, распореден на 4 (четири) нивоа, со годишен капацитет од 100 илјади тони био дизел гориво.
Технологијата што ја нуди компанијата ГЕА Вестфалија овозможува целосна искористеност на влезните суровини, без отпадни материи што би ја загадувале околината.

Био дизелот е алтернативно, антитоксично, биолошки разградливо, еколошко гориво, создадено од суровини од разновидно растително потекло. Био дизелот најчесто се применува како мешавина, односно како додаток на нафтените деривати. Истотака био дизелот претставува обновлива енергија која го стимулира земјоделието.

Соодветно на европската регулатива, до 2010 година био дизелот треба да замени 5,75% од минералниот дизел, а до 2020 овој процент ќе изнесува дури 20%.



  Developed by: VIZIJANET