дома    |    кошничка    |    контакт    |    english
 
  За Брилијант    Масла за јадење    Млечни производи и месо    Останати дејности    Награди   
 
 

Биографија за професор д-р Јован Туркулов

Професор д-р Јован Туркулов е роден во Зрењанин во 1934 година. На проблематиката на масла и масти тој работи од 1957 година. Во 1966 година станува професор на Технолошкиот факултет во Нови Сад - отсек Масла и масти. Докторирал на областа “Дезодоризација на сончогледовото масло” во 1974 година. За редовен професор е избран во 1984 година.

Професор д-р Јован Туркулов има напишано повеќе од 260 научни трудови, од кои над 70 се презентирани на меѓународни конгреси и се објавени во елитни светски магазини, како на пример: “La Rivista Ital. Sostance grasse”; “Revue francaise des corps gras”; “Fette Seifen Anstricihnittel”; “J. Am. Oil Chem. Soc”; “Fat Sci. Technol”; “Olaj Szpan Kozmetika”; “Acta Alimentaria”, и многу други. Повеќе од 20 години е главен и одговорен уредник на списанието “Улјарство”.

По пензионирањето од Технолошкиот факултет во Нови Сад во 1998 година тој е ангажиран како стручен соработник во Брилијант-Штип за разработка на нови технологии - повисоки фази во преработката на масло.



  Developed by: VIZIJANET